Дополнување на дата-базата на судска пракса во областа на работните односи

Во изминатиот период, во пресрет на годишната конференција на Здружението за трудово и социјално право на С. Македонија (ЗТСП) која ќе се одржи кон крајот на месец мај 2023 година во Охрид, дата-базата на судска пракса во областа на работните односи е збогатена со дополнителни 200 (двесте) Пресуди и Решенија, овој пат донесени од страна на Апелациониот суд Битола. Вклучувајќи ги и новоприкачените судски одлуки, дата-базата на судска пракса на ЗТСП претставува ризница на 700 (седумстотини) релевантни судски одлуки донесени од страна на надлежните судови.

Здружението за трудово и социјално право повторно ги повикува сите заинтересирани субјекти и чинители кои се занимаваат со практична примена на трудовото право (надлежни судови, адвокати, невладини организации и слично) да споделуваат релевантна судска пракса во областа на работните односи со Здружението, со цел понатамошно проширување и збогатување на ризницата на судски одлуки и унапредување на примената на трудовото право во државата. За таа намена, ЗТСП може да го контактирате на следната електронска адреса: ztspsm@gmail.com

Претходно CALL for participation in the Annual Conference
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право