Одржана годишната конференција на експерти по трудово право од Централна и Источна Европа во рамки на мрежата CEElex

Во периодот 29-30 јуни, 2022 година, во рамки на мрежата CEElex, се одржа годишната конференција на експерти по трудово право од Централна и Источна Европа. Овогодинешната Конференција се одржа во Струга и на неа, учество зедоа универзитетски професори од повеќе Европски земји, како и релевантни претставници на Меѓународната Организација на Трудот.

На конференцијата беа презентирани истражувачките трудови за примена на Универзалната Гаранција за Трудот на МОТ во националните законодавства и практики на Македонија, Црна Гора, Србија, Романија, Полска и Унгарија. Се дискутираше и за новите состојби поврзани со престанокот на работниот однос, последните трендови во врска со заштитата на работниците од откази и регулативните промени и мерки усвоени за време на пандемијата предизвикана од Covid-19 во однос на престанокот на работниот однос. Презентирана беше и дата-базата за заштита на вработувањето на Меѓународната Организација на Трудот – EPLex. Пристап до дата-базата може да најдете на следниот линк.

Агендата од годишната конференција на CEElex може да ја преземете на следниот линк.

Претходно Спроведени обуки за инспектори на трудот за примена на Законот за работните односи
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право