На 14.4.2022 година во Скопје се одржа работилницата „Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр. 190”, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право. На работилницата учествуваа претставници на академската заедница, судии, адвокати, правници, како и претставници на учесниците во трипартитниот социјален дијалог – Владата, организациите на работодавачите и на синдикатите.
Видеото во прилог е составен дел од Кампањата за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата.
За работни места без насилство и вознемирување.