Симпозиум во организација на Универзитетот во Цирих во чест на проф. д-р Волфганг Портман

После повеќекратно одложување поради пандемијата предизвикана од Covid-19, на 16 септември, 2022 година, во Цирих (Швајцарија) се одржа догоочекуваниот Симпозиум во чест на проф. д-р Волфганг Портман (професор по трудово право од Универзитот во Цирих, Швајцарија).

Со Симпозиумот претседаваше проф. д-р Бернд Вас (од Универзитетот Гете во Франкфурт, Германија), а со свои презентации за актуелните состојби и трендови во националните работни законодавства учествуваа повеќе реномирани професори по трудово право од различни Европски земји, помеѓу кои и: проф. Жозе Абрантеш (од NOVA Универзитетот во Лисабон, Португалија), проф. Ралука Димитриу (од Универзитетот за Економски Студии во Букурешт, Романија), проф. Петер Хурка (од Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка), проф. Лешек Митруш (од Јагиелонскиот Универзитет во Краков, Полска), проф. Костас Пападимитриум (од Универзитетот во Атина, Грција) и проф. Габриел Тавитс (од Универзитетот во Тарту, Естонија).

Претставници на Симпозиумот во Цирих од С.Македонија беа проф. Тодор Каламатиев (претседател на Здружението за трудово и социјално право на С.Македонија) и проф. Александар Ристовски (потпретседател на Здружението за трудово и социјално право на С.Македонија).

На Симпозиумот, му претходеше објавување на Зборник по повод пензионирањето на проф. д-р Волфганг Портман, издаден од издавачката куќа Schulthess во 2020 година. Повеќе информации за Зборникот во чест на проф. Портман може да пронајдете овде.

Претходно Збогатена дата-базата на судска пракса во областа на работните односи
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право