Спроведени обуки за инспектори на трудот за примена на Законот за работните односи

Во периодот април 2022 – јуни 2022 година, беа спроведени обуки за примена на работното законодавство наменети за инспекторите од Државниот Инспекторат за Труд. Со обуките беа опфатени најголемиот дел од инспекторите за работни односи и безбедност и здравје при работа од сите региони во државата.

Обуките имаа за цел: зајакнување на капацитетите на инспекторите од ДИТ преку освежување на нивното познавање на работното законодавство; поправилна и воедначена примена на Законот за работните односи и другите прописи со цел усогласување во различното постапување на инспекторите во исти или слични случаи; вмрежување и учење на инспекторите едни од други; споделување на искуствата за начините на постапување во одредени предмети меѓу нововработените и инспекторите со подолг работен стаж и искуство и др.

Обуките беа организирани како дводневни работилници кои се одржаа низ повеќе градови во државата (Скопје, Гевгелија, Крушево, Струга и Велес). Тематски, обуките се состоеја од теоретски дел (модериран од проф.д-р Александар Ристовски) и практичен дел (модериран од инспектор Злате Стојаноски). Првенствено беа насочени кон прашања поврзани со неформалната вработеност, но опфатија и сесии за нестандардните (атипични) форми на вработување, работните услови и откажувањето на договорите за вработување. Агенда од спроведените обуки може да пронајдете тука.

Oбуките за инспектори на трудот за примена на Законот за работните односи се поддржани од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Претходно Промовирана националната Кампања за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата C190
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право