„Вработениот во јавниот сектор (административен службеник – работник) распореден со решение на работодавачот надвор од своето место на живеење има право на надомест на трошоци за превоз до и од работно место во случај кога нема организиран превоз, а во висина на најниските реални трошоци согласно член 21 став 1 алинеја 2 од Општиот колективен договор за службениците во јавниот сектор на Република Македонија.”
Работникот има правен интерес со тужба да бара поништување на одлука на работодавачот со која е утврдено постоење на штета причинета од работник на работа или во врска со работа и неговото задолжение штетата да ја надомести.