- Version
- Преземи 51
- Големина на фајлот 174.10 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 12, 2013
- Последна промена август 1, 2022
„(…) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Оттука, произлегува дека од страна на тужените нема негативно однесување бидејќи доделувањето на работните задачи на тужителот (работникот) е дел од овластувањата на второтужениот и третотужениот по својата функција што ја обавуваат кај првотужениот, а не и на самите вработени директно, решението за изрекување на парична казна е дел од овластувањето на работодавачот согласно закон, односно поради кршење на работниот ред и дисциплина и истото е во согласност со ЗРО и тоа што тужителот со новиот договор за вработување на неопределено време бил распореден на работно место Соработник во Дирекција за администрација и персонал со определена плата од 25.372,50 денари и тужителот се обраќал писмено со барање првотужениот да му ја зголеми платата не претставува елемент на психичко вознемирување, бидејќи тужениот постапил по правосилна и извршна пресуда. Елемент на психичко вознемирување не претставува ни тоа што на тужителот му бил одземен службениот мобилен телефон поради економска криза на работодавачот.
Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место, што во конкретниот случај видно од списите во предметот, нема решение за престанок на работниот однос по барање на тужителот, туку има одлука за откажување на договор за вработување од страна на работодавачот поради непочитување на работниот ред и работните обврски и оддавање деловна тајна на работодавачот.
Од погоре наведеното, по наоѓање на овој суд, од страна на тужениот не е преземена активност за вршење мобинг. Тоа што тужителот по правосилна и извршна пресуда бил распореден на на работно место Соработник во Дирекција за администрација и персонал со определена плата од 25.372,50 денари, односно тоа што имал помала плата, не претставува мобинг. Исто така, не претставуваат мобинг однесувањата и активностите што се преземени од тужените во спорниот период, бидејќи тие се однесуваат на правата, обврските и одговорностите од работен однос, па против истите тужителот можел да бара заштита во постапка утврдена со закон и за оневозможувањето на остварувањето и користењето на правата утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување, во случајот зголемување на плата на тужителот, истиот заштитата можел да ја оствари во постапката пред работодавачот и пред надлежен суд.”