- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 109.07 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 8, 2016
- Последна промена ноември 3, 2021
Пресуда на Основен суд Битола РОЖ 242/18
„Во член 46 став 4 од Законот за работните односи е предвидено дека по исклучок работниот однос заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот од став 1 од овој член ако работникот работи повеќе од 2 години на работно место кое е ослободено по основ на пенизионирање или по други основи и за кое се обезбедени финансиски средства доколку работодавачот утврди дека има транја потреба од работникот
под услови и на начин утврдни со закон. Во конкретниот случај не се исполнети условите за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време и по оваа одредба од законот со оглед на фактот дека работно место не е ослободено по основ на пензионирање или други основи, бидејќи од 18.01.2016 година тужителката склучила договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник - ВД директорот на тужениот. Дека тужителката склучува договор за вработување на определено време на замена на привремено отсутен работник познато и било уште пред 18.01.2016 година со оглед на фактот дека на 11.12.2014 година како и на 10.12.2015 година објавен е јавен оглас кај тужениот за пополнување на повеќе работни места меѓу кои и за пополнување на работно место наставник по биологија на определено работно време за замена на наставник кој бил избран за ВД директор иако во договорите за врабтовуање склучени пред 18.01.2016 година не е наведено дека работниот однос се заснова за замена на наставник именуван за ВД директор. Тужениот нема трајна потреба за уште еден извршител за работното место наставник по биологија со оглед на фактот дека ВД директорот по истекот на функцијата бил распореден на работното место
наставник по биологија на кое работно место работел и пред да биде избран на функцијата ВД директор а на ова работно место бил распореден уште еден извршител. По актот на систематизација за ова работно место предвидени биле два извршители и истите биле пополнети“.