- Version
- Преземи 50
- Големина на фајлот 104.78 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 12, 2014
- Последна промена август 1, 2022
„(...) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Од страна на тужениот (работодавачот) нема негативно однесување, а наодот и мислењето од вештото лице д-р М. не може да претставува доказ дека врз работникот бил вршен мобинг, односно дека стресните состојби, психолошкиот притисок и малтретирање влијаеле во голема мера за влошување на здравствената состојба на тужителот. При неутврдени и непостоечки факти за мобинг, медицинското вештачење дека тужителот имал здравствени проблеми поради нарушени чест и углед не може да се прифати дека е вршен мобинг, односно дека здравствената состојба на тужителот е резултатна постоење мобинг. Постоењето на извршен мобинг се докажува со други докази, а не со медицинско вештачење.”