Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-316/15

  • Version
  • Преземи 173
  • Големина на фајлот 273.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 15, 2016
  • Последна промена август 1, 2022

„Неосновани се жалбените наводи на тужителот (работникот) во кои наведува дека првостепениот суд при одлучувањето за тужбеното барање на работникот пристапил селективно, прифаќајќи го во еден дел Законот за работните односи, а во друг дел цитира одредби од Законот за заштита од вознемирување на работно место кој не се однесува на оваа постапка. Ова од причина што, пред сè тоа што првостепениот суд одлучувал за тужбеното барање на работникот преку примена на материјалното право на Законот за работните односи и Законот за заштита од вознемирување на работно место не може да се прифати дека одлуката на првостепениот суд е незаконита. Ова дотолку повеќе што работникот со тужбата бара да се утврди дека од страна на управителот (првотужениот) бил психички вознемируван и дека вознемирувањето продолжило и со дискриминација од останатите негови колеги, кое одлучување бара примена на материјално право токму од овие закони врз основа на кои првостепениот суд ја засновал обжалената пресуда.

(…) за да има мобинг потребно е пред сè да се работи за група или поединец што значи дека по закон извршител на мобингот не може да биде правно лице, во конкретниот случај тоа е второтужениот (работодавачот).

(...) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Оттука, произлегува дека од страна на тужениот нема негативно однесување бидејќи одлуката за парична казна на работник (...), одлука за изречена парична казна на работник (...), работен налог (...), решението (...) од 19.2.2013 година претставуваат акти донесени од страна на работодавачот кои се во согласност со Законот за работните односи. Имено, доколку тужителот бил незадоволен со овие акти, односно доколку сметал дека тужениот со донесувањето на овие акти не му ги обезбедува правата од работен однос или крши кое било од неговите права од работниот однос, во тој случај Законот за работните односи му овозможува да остварува заштита на правата кај работодавачот и судска заштита кое нешто е регулирано во одредбата од чл. 181 од ЗРО. Ова дотолку повеќе што, со пресуда РО бр.159/13 од 1.7.2014 година, тужбеното барање на тужителот да се поништи решението (...) од 19.2.2013 година, донесено од тужениот како незаконито и да се задолжи тужениот да го врати тужителот на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка е одбиено како неосновано. Елемент на наклонето однесување на првотужениот кон работникот не претставува Одлуката за именување лица за евакуација и спасување (вонредни околности) (...) бидејќи ова постапување на првотужениот претставува негово постапување како управител на Друштвото заради исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за безбедност и здравје при работа, а дотолку повеќе што со поединечните акти донесени од Управителот се опфатени повеќето вработени, а не само тужителот кое нешто се потврдува од Одлуката (...). Елемент на психичко вознемирување не претставува дејствието на Управителот дека во периодот од јануари до февруари 2012 година на работникот не му давал работни задачи за разлика од другите колеги кои секојдневно добивале работни задачи, бидејќи за ова дејствие во смисла на одредбата од чл. 40 од ЗРО работникот можел да поведе постапка за оневозможување на остварување и користење на права утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување, чија заштита се остварува и пред работодавачот и пред судот. Елемент на психичко вознемирување не претставуваат ни работните налози (...) од причина што првотужениот како Управител има овластување да дава налози за службени патувања – работни налози и истите се со конкретни работни насоки и упатства за работа, па доколку работникот сметал дека со истите е повредено некое право можел да покрене постапка за заштита. Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место, што во конкретниот случај видно од списите во предметот нема решение за престанок на работниот однос по барање од страна на работникот. Од друга страна, тужителот во моментот на поднесување на тужбата не бил вработен кај второтужениот, ниту, пак, бил на работа шест месеца од денот кога последен пат е извршено однесување, кое според тужителот претставува вознемирување на работно место – мобинг (донесување на решението за престанок на работниот однос од 19.2.2013 година).

(...) од страна на првотужениот (управителот) не е преземена активност за вршење мобинг, односно тужителот (работникот) не го докажал постоењето на основот на тужбеното барање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-172/16

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право