Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-834/13

  • Version
  • Преземи 51
  • Големина на фајлот 166.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 10, 2013
  • Последна промена август 1, 2022

„(…) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Оттука, произлегува дека од страна на тужените нема негативно однесување бидејќи оценувањето на работењето на тужителката како државен службеник е дел од овластувањата на тужениот согласно закон, односно право на работодавачот е да врши бодирање на секој од вработените (...) и тоа не претставува елемент на психичко вознемирување. Елемент на психичко вознемирување не претставува ни постапката по однос на донесување на деталниот урбанистички план со чија содржина тужителката не се согласувала, истиот бил усвоен од страна на советот на општината (...) во соодветна процедура, ниту пак извршувањето на пописот и прегледот на целокупната и службената документација со која тужителката располагала кога заминала од работа во спорниот период, бидејќи во услови кога има сознанија дека се изнесуваат документи за кое е потребна посебна процедура за нивно изнесување, кое нешто тужителката го немала, право е на третотужениот како претпоставен да ги презема овие дејствија да изврши попис на документите на тужителката со оглед на тоа што истиот ќе сноси одговорност. Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место, што во конкретниот случај, видно од списите во предметот, нема решение за престанок на работниот однос на тужителката.

Од погоренаведеното, по наоѓање на овој суд, од страна на тужените не е преземена активност за вршење мобинг. Тоа што на тужителката ѝ биле давани пониски оцени од оние што таа сметала дека треба да ги добие, постапката по однос на донесувањето на урбанистичкиот план усвоен од страна на советот на општината (...) не претставува мобинг.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-882/13

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право