Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-887/11

  • Version
  • Преземи 55
  • Големина на фајлот 157.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 22, 2011
  • Последна промена август 1, 2022

„(...) првостепениот суд врз основа на изведените докази утврдил дека над тужителката не е вршен мобинг со неповикувањето на приемот кој се одржувал по повод претставувањето на новите членови на Управниот одбор кои комуницирале на германски јазик, затоа што тужителката сè уште посетувала часови по германски јазик, а истата била со завршен Филолошки факултет – насока Англиски јазик и дека право е на работодавачот да одлучи кои од вработените лица ќе присуствуваат на приемот со цел успешно да ги извршат поставените работни задачи.

Првостепениот суд утврдил дека тужителката била единствена вработена која кај работодавачот посетувала во исто време часови по германски јазик преку Центарот за странски јазици организирано преку првотужениот (работодавачот) и имала индивидуални часови со ангажиран професор на терет на првотужениот.

(...) по наоѓање на овој суд, првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да се работи за група или поединец, што значи дека по закон извршител на мобингот не може да биде правно лице како во конкретниот случај првотужениот (...). Оттука произлегува дека првотужениот (работодавачот) нема пасивна легитимација и не може да биде извршител на мобингот. Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место, што во конкретниот случај, видно од списите во предметот, нема решение за престанок на работниот однос, туку на тужителката ѝ е понуден Нов договор за вработување (...) кој тужителката доброволно го потпишала и не поднела благовремен приговор.

Од погоренаведеното, по наоѓање на овој суд, одстрана на тужените не е преземена активност за вршење мобинг. Тоа што тужителката не била повикана од страна на второтужениот на приемот кој се одржувал по повод претставувањето на новите членови на Управниот одбор и донесувањето на Одлуката за распоредување, односно понудата за склучување на новиот променет Договор за вработување (...) не претставува мобинг.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1112/11

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право