- Version
- Преземи 58
- Големина на фајлот 166.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 9, 2018
- Последна промена ноември 2, 2021
„Мобингот се дефинира како појава на психичко малтретирање кое се повторува низ активности со цел да го деградираат работникот врз разни основи и предизвикува повреда на човековите права и достоинство, штети на физичкото и ментално и социјално здравје и ја попречува професионалната иднина на жртвата. Дејствија на мобингот се подолготрајно психичко малтретирање, измачување, изолирање, притисок на работно место, психичка тортура, изложување на вработениот на понижување, застрашување, озборување, подметнување, исмејување, и сл. Всушност мобингот подразбира постојано напаѓање, понижување, малтретирање и изолација на еден работник или група работници се дотогаш додека едноставно повеќе не можат нормално да функционираат на работното место, а се до крајна цел да се елиминираат или да се прогласат за неподобни.
Во конкретниот случај, овој суд најде дека тужениот со дејствијата кои што му се ставаат на товар дека ги превзел не можат да се подведат под мобинг и со превземените дејствија не вршел психичко вознемирување врз тужениот.
Имено тужителот наведува дека со тоа што на 17.12.2014 година кога тужениот отишол во канцеларијата на тужителот и при тоа му изрекол заканувачки зборови со висок тон, дека ништо не работи и дека ќе го избрка од
работа вршел психичко вознемирување односно мобинг. Првостепениот суд правилно заклучи дека за да постои психичко вознемирување, односно да биде извршен мобинг треба да има континуитет од најмалку 6 месеци кој рок е утврден како неопходен предуслов за да се даде третеман на мобинг. Во случајот тужениот на 17.12.2014година во канцеларијата на тужителот упатил некорекни зборови не само за тужителот туку и за други вработени, на што
тужителот исто така возвратил со некорекни зборови упатени кон тужениот “до кога вакви неодговорни, неквалитетни и несовесни луѓе ќе ги малтертираат вистинските професионалци кои си ја знаат работата во целост“. Овие факти произлегуваат од исказот на тужителот даден на расправа одржана на 11.09.2017година, и од тоа произлегува дека дејствието кое го превзел тужениот на 17.12.2014година не е дејствие со кое се врши психичко вознемирување на тужителот односно мобинг.
Исто така, за овој суд е јасно дeкa и со наредбата што ја издал тужениот, да тужителот го предаде персоналниот компјутер не се врши психичко вознемирување, бидејќи како што произлегува од доказите, ваквата наредба
тужениот ја издаде бидејќи имал сознание дека, со компјутерот со кој е задолжен тужителот извршувал свои приватни работ.Дека тоа било така, произлегува и од исмената наредба која му е доставена до тужителот на која лично тужителот напишал дека, ќе го предаде компјутерот наредниот ден, со оглед дека во него имала приватни работи.Ова важи и по однос на писмената забрана тужителот да носи приватен лап-топ на работно место.
Овој суд најд дека и по однос на другите дејствија за кои му се става на товар на тужениот дека вршел психичко вознемирување на тужителот, дека од периодот крајот на 2014 па до 16.12.2016 година му упатувал навреди и го
омаловажувал пред другите вработени, а кога тужителот службено барал да го прими во неговата канцеларија, истиот одбивал да го стори, правилно заклучи првостепениот суд дека од изведените докази сосолушаните сведоци тужителот не докажа дека е вознемируван на работното место односно дека врз него е вршен мобинг. Ова од причини што од исказите на сослушаните сведоци произлегува дека немаат непосредни сознанија за однесувањето и дејствијата кои ги превземал тужениот во односите спрема тужителот.
Сега во жалбата тужителот наведува дека согласно чл.33 од Законот за заштита од вознемирување на работното место е предвидено дека ако во текот на постапката тужителот го сторил веројатно постоењето на вознемирување на работното место од чл.3 од овој закон, товарот на докажувањето дека немало конкретно однесување кое претставува вознемирување на работното место е на тужениот, па смета дека првостепениот суд излегува надвор од оваа законска одредба и наместо да бара тужениот да докаже дека нема негово однесување кое претставува вознемирување- мобинг инсистира и тврди дека тужителот требало да го докаже постоењето на вознемирувањето.
Овој суд најде дека се неосновани ваквите жалбени наводи. Од содржината на цитираната законска одредба чл.33 од Законот за заштита од вознемирување на работното место произлегува дека тужителот со поднесувањето на тужбата треба да го стори веројатно постоењето на вознемирување на работното место од чл.3 од овој закон. Во чл.3 е предвидено дека психичкото вознемирување на работното место претставува вознемирување на работно место односно секое негативно однесување од поединец, или група која често се повторува најмалку во период од 6 месеци,а претставува повреда на достоинството и интегритетот, угледот, честа на вработените лица и предизвикува страв и создава непријателско понижувачко и навредливо однесување чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
Во конкретниот случај првостепениот суд правилно заклучи кога најде дека тужителот со тужбата не стори веројатно дека тужениот во периодот и тоа крајот на 2014 па до 16.12.2016 година го вознемирувал на работното место со тоа што му упатувал навреди и го омаловажувал пред другите вработени, а кога тужителот службено барал да го прими во неговата канцеларија, истиот одбивал да го стори, бидејќи од изведените докази не произлезе дека тужениот за цел овој период превземал вакви дејствија. Точно е дека товарот на докажувањето е
на страната на тужениот во смисла дека немало конкретно однесување кое претставува вознемирување на работното место, меѓутоа претходно тужителот треба да стори веројатно постоење на вознемирување на работното место, а во случајот тужителот тоа не го стори“.