- Version
- Преземи 12
- Големина на фајлот 700.39 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 19, 2019
- Последна промена декември 27, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-28/19
(...) „Согласно член 366 став 4 од Законот за трговски друштва, на извршните членови на Одборот на директори, членовите на Управниот одбор, односно на управителот и на раководните лица не се применуваат одредбите од Колективните договори, како и предвидените одредбите од Законот за работни односи што се однесуваат на засновањето и на престанувањето на работниот однос, на дисциплинската одговорност, на платата, на надоместоците и на заштитата на правата на работниците. Правата од овие одредби од Законот за работни односи, овие лица ги остваруваат на начин и според условите утврдени во договорот од член 350 на овој закон односно со засновање на менаџерски договор. Во конкретниот случај, директорот на банката на незаконски начин изменил податоци на клиенти, со што сторил повреда на интерните акти на работодавачот, оддавање на лични податоци, кои што согласно истите акти на работодавачот се чуваат како деловна тајна и кои се заштитени согласно Законот за заштита на лични податоци. Па, оттука во конкретниот случај се исполнети условите за раскин на договорот од страна на банката, бидејќи при извршената контрола од страна на надлежниот орган на банката биле утврдени пропусти, неправилности и повреда на прописи и интерни банки на банката од страна на директорот кои биле од значење за функционирањето на филијалата. Тоа му дало право на овластениот орган на банката да го разреши директор на филијалата и да го раскине менаџерскиот договор со истиот.”