- Version
- Преземи 8
- Големина на фајлот 105.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 3, 2018
- Последна промена ноември 16, 2021
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-520/18
Во член 80 став 2 од Законот за административни службеници, предвидува два основи за суспендирање на административен службеник, а тоа се: административниот сужбеник може да биде суспендиран кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата или е покрената дисциплинска постапка за дисциплински престап, а повредата е од таква природа што неговото натамошно присуство во институцијата додека трае постапката штетно ќе се одрази врз институцијата, односно ќе го осуети или оневожможи утврдувањето на одговорноста за дисциплински престап. Првиот услов за да биде донесено решение за суспензија е против административниот сужбеник да биде покрената кривична постапка и непостои никаква друга постапка што треба да биде водена за да може да се изрече суспензија. Ова не значи дека покрај поведената кривична постапка треба да биде поведена и дисциплинска постапка. Напротив законската одредба член 80 став 2 од Законот за административни службеници, јасно ги издвоил двете работи кога може да се изрече суспензија, а тоа се кога е поведена кривична постапка за кривично дело и вториот случај кога е поведена дисциплинска постапка кога е сторен дисциплински престап. Оттука, не е потребно кумулативно исполнување на двата услови, туку доволно е исполнување на еден за да се изречен мерка суспензија.