Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-366/19

  • Version
  • Преземи 18
  • Големина на фајлот 609.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 3, 2019
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-366/19

(...) „Со склучување на менаџерскиот договор, предвидена е конкурентска клаузула во писмена форма. Согласно член 38 од Законот за работни односи, на работникот треба да му се исплати најнискиот износ односно најмалку половина од просечната плата која работникот ја земал во последните три месеци пред престанување во договорот за вработување т.е менаџерскиот договор. Работодавачот во жалбата наведува дека согласно одредбите од Законот за работни односи кои се однесуваат на конкурентска забрана, менаџерот нема право на никаков надоместок по овој основ.  Бидејќи Законот  прави разлика меѓу конкурентска забрана и конкурентска клаузула. Надоместокот е предвиден само за конкурентска клаузула каква што нема во менаџерскиот договор.

Во член 7 од менаџерскиот договор склучен помеѓу странките е предвидено дека работнитекот без согласност на работодавачот не смее да извршува било какви профитабилни или непрофитабилни активности идентични или слични со делокругот на работењето на работодавачот освен активностите предвидени со овој договор за вработување било за време или надвор од работното место дури и при истовремено извршување на работа кај друг работодавач. Работникот се обврзува дека по стапувањето на сила на овој договор нема за своја сметка ниту во врска со или во име на било кое лице или лица директно или индиректно преку друг вид на трајно партнерство во својство на директор, агент, содружник, консултант, партнер , вработен, член или во било кое друго својство да учествува да се вклучи или на било кој начин да се поврзе со било која дејност која е конкурентна со работењето на работодавачот. Горе наведената обврска на работникот ќе остане во сила и по престанокот на работниот однос во период од 12 месеци. По однос на почитувањето на конкурентската клаузула, во менаџерскиот договор склучен помеѓу странките паричниот надоместок за почитување на конкурентска забрана не е определен, па како таков не следува на менаџерот. Дотолку повеќе што менаџерката во случајот не успеа да докаже дека токму поради таа конкурентска клаузула, реално имала можност да остварува приходи за периодот додека траела забраната од активности идентични или слични со делокругот на работењето на работодавачот нити пак менаџерката барала согласност од работодавачот за извршување на вакви активности идентични или слични со делокругот на работењето на работодавачот но не ги добила.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-619/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право