Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-828/18

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 1.15 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 24, 2019
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-828/18

(...) „Првостепениот суд од изведените докази во постапката, утврдил дека студентот е син на починат работник кој бил вработен кај работодавачот. Работодавачот и студентот склучиле договор за исплата на месечен надоместок - рента за школување на деца на починати работници, со кој што работодавачот се обврзува да му исплаќа месечна рента на студентот се додека е на редовно шклоување, а најдоцна до неговата 26-та година. Студентот се школувал со што се стекнал со звање Дипломиран инжињер по индустриски менаџмент.  Бидејќи завршил со своето образование, студентот се обратил кај работодавачот со писмено барање за засновање на работен однос. Од страна на рабтодавачот бил известен да се пријави на јавен оглас од причина што вработувањата се вршат по пат на јавно огласување.  Во конкретниот случај, од изведените докази неспорно произлегува дека работодавачот и  студентот склучиле договор за исплата на месечен надоместок рента за школување на деца на починати работници. Ваквата обврска по договорот неспорно е дека работодавачот ја исполнил и на студентот се до завршувањето на школувањето му исплаќал месечна рента. Меѓутоа, со овој договор, на кој се повикува студентот со тужбата, не била предвидена никаква обврска за тужениот по завршувањето на школувањето со студентот да склучи договор за вработување. Па оттука, рабтодавачот нема обврска да го вработи студентот. Дотолку повеќе, студентот нема законско право да го побива јавниот оглас како неоснован.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.90/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право