Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-174/20

  • Version
  • Преземи 16
  • Големина на фајлот 769.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 1, 2020
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-174/20

(...) „Имено,со оглед на начинот на настанување на предметната штета, поради пропустот на работникот при извршување на работните задачи се утврди дека тој придонел штетата да настане, па  судот прифатил придонес на работникот во настанувањето на нематеријалната штета во висина од 40%. Поради ова, има право на сразмерно намален надомест, бидејќи, иако работникот согласно договорот за вработување бил поставен да работи на работни задачи надвор од дробилицата, сепак тој пристапил кон вршење на работна задача која ја вршат работниците кои се внатре во дробилицата.

Исто така, факт е дека се работи за вршење на дејност од која произлегува зголемена опасност, се работи за сложена работна задача со учество на повеќе извршители и за која е потребна обука, а од друга страна, иако работникот со своето дејствие придонел во настанувањето на штетата, сепак штетата пред се настанала поради тоа што, работниците  без наредба за удар удриле на осовината, а тоа работникот не можел да го предвиди, па дошло до настанување на предметната повреда на работникот, на начин што неговите прсти се заглавиле меѓу две осовини, а сето тоа провлекло за последица да фалагните од истите прсти подоцна бидат ампутирани.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-181/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право