- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 987.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 6, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-179/22
(...) „Имено, согласно чл. 159 од ЗРО, ако на работникот му е предизвикана штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја надомести според општите правила на одговорност за надомест на штета и дека одговорноста за обештетување се однесува исто така и на штетата која работодавачот ја предизвикал со кршење на правата од работниот однос.
Од изведените докази и утврдените факти, правилно утврдил и прифатил првостепениот суд дека, тужениот причинил штета на тужителот заради тоа што не обезбедил безбедни услови за работа на тужителот и не обезбедил безбеден простор за движење на вработените во халата каде ги извршувале своите работни задачи, односно немал обезбедено сигурна патека по која можеле работниците да се движат, па тие ја користеле патеката каде имало поставено шини каде се движела машината за пренос на делови и вилушкарите, а немало никакви знаци за забрана за движење по тој простор, кој на одредени места не бил рамен, при што дошло до пропаѓање на ногата на тужителот и повреда на коленото. Исто така, правилно прифатил првостепениот суд дека вината на тужениот за вака причинетата штета се состоела во тоа што во непосредна близина до патеката со шини биле оставани разни делови и железа со што извршувањето на работните задачи на работниците не било безбедно, а немало обезбедено соодветна патека за движење на работниците, при што дошло до тоа тужителот да загуби рамнотежа, да му пропадне ногата во нерамниот простор покрај шините и да си го повреди коленото, поради што морало да се врши хируршка интервенција на истото, а тужителот подолг период отсуствувал и од работа.”