Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-440/17

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 407.66 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 3, 2017
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-440/17

(...) „Согласно член 189 став 1 од Законот за облигациони односи, во случај на повреда на личните права, судот ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надомест, независно од надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство, а согласно ставот 2 од истиот член, при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се споиви со неговата природа и општетствена цел.

Согласно член 156 став 5 од Законот за работни односи, ако работикот на работа или во врска со работата намерно или од крајно невнимание му предизвика штета на трето лице работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата ,а работникот е должен да ја надомести штетата на работодавачот. Работникот треба со особено внимание да ги извршува работните задачи и да ги следи донесените протоколи од страна на државните власти или пак работодавачот, се со цел да се избегнат несреќи при работа, кои што некогаш можат да чинат и човечки живот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.73/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право