Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-825/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 557.11 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 15, 2019
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-825/18

(...) „Согласно член 141 од Законот за облигационите односи е предвидено, тој што ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести. Во член 145 од истиот Закон е предвидено, дека вина постои кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание, крајно, обично или друг степен на невнимание предвидени со закон. работникот наведува, дека имал засновано работен однос кај работодавачот на работно место кое било рангирано како работно место со мал ризик, меѓутоа и од страна на судот е утврдено дека по налог на неговиот работодавец подолг период наназад и покрај противењето на работникот работел на работно место - работник за обезбедување на имот, кое согласно актите на тужениот е окарактеризирано како работно место со висок ризик. Тужениот иако знаел дека тужителот е работник со намалена работна способност, дозволил да обавува работни задачи како работник за обезбедување на имот и со тоа се сложил со последиците кои можат да настапат од таквото распоредување, но лекомислено сметал дека ќе ја отстрани последицата, односно до неа нема да дојде. Работното место обезбедување на имот го вршат работници со лиценца за положен испит, согласно Законот за обезбедување на имот и лица и предвидува да ја вршат работници со полна психофизичка сила, а не инвалиди на трудот. Постоењето на скалишен простор на објекти каде треба да престојуваат работници за обезбедување на имот претставува опасна дејност меѓутоа и покрај ваквата состојба првостепениот суд го одби тужбеното барање на работникот за нематеријална штета, како неосновано. Овој суд утврдил дека е одбиено тужбеното барање на работникот со оглед на фактот, дека критичниот ден до повредата дошло заради обично невнимание на страна на работникот. Во случајот нема вина од страна на работодавачот за причинување на штетата со оглед на фактот, дека работникот критичниот ден не постапувал со внимание кое се бара од особено грижлив и внимателен човек. Па, во оваа смисла, неосновани се жалбените наводи на работникот дека станува збор за повреда од опасна дејност. Тоа што работникот бил распореден на работно место со висок ризик кај работодавачот не значи, дека станува збор за опасна дејност со оглед на фактот до повреда на дошло од обично невнимание.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-740/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право