Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/16

  • Version
  • Преземи 15
  • Големина на фајлот 299.03 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 15, 2016
  • Последна промена јануари 21, 2023

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/16

(...) „Согласно член 113 став 1 точка 5 од Законот за работни односи, работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата меѓу кои за смрт на работникот или за член на неговото семејството. Согласно член 68 и член 78 од КД кај работодавачот,  работникот има право на надомест на трошоци за смрт на член на неговото семејство во висина од две просечни месечни плати во претпријатието исплатени во претходните три месеци.

Од погоре цитираните законски одредби произлегува обврската на работодавачот да му го исплати надоместокот на работникот, а фактот дека покојната на работникот му била маштеа не го ослободува од обврската работодавачот, во ситуација кога ваквото право е уредено со Закон и Колективен договор при смрт  на член од семејството. Ова дотолку повеќе што член 2 од Законот за семејството е наведено дека семејството претставува животна заедница на родители, деца и други роднини ако живеат во заедничко домаќинство.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1231/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право