- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 1.12 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 28, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-425/22
(...) „Согласно чл. 28-а ст. 2 и 3 од ЗРО, измените на договорот за вработување се вршат со анекс на договорот за вработување. Анексот на договорот за вработување се склучува во иста форма како и договорот за вработување, согласно законот.
Тоа што тужениот не го завел Анекс на договорот за вработување во неговата евиденција е негов пропуст, бидејќи тоа е негова обврска, но тоа не ја оспорува правната важност на Анекс на договорот, во ситуација кога е потпишан од двете страни и со печат од тужениот, а тужениот не докажа дека не е потпишан од странките. Ова доколку повеќе што самиот тужен му понудил на тужителот да склучат Анекс на договорот.
Овој суд е на мислење дека тужениот во спорниот период бил должен да врши пресметка на плата согласно член 2 од Анексот на договорот за вработување, меѓутоа тужениот во спорниот период на тужителот му исплаќал помала плата согласно Договорот за вработување и помалку минат труд.”