Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-396/17

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 463.38 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 31, 2017
  • Последна промена јануари 19, 2023

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-396/17

(...) „Во член 102 од Законот за работните односи, е предвидено дека ако судот донесе одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката ако тоа го бара. Покрај враќањето на работа работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто платата која би ја земел кога би бил на работа согласно со Закон, колективен договор и договор за вработување намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа по престанокот на работниот однос. За незаконит престанок на работен однос согласно цитираната одредба од ЗРО, работодавачот има обврска на работникот да му исплати бруто плата која би ја земал кога би бил на работа. Во ваков случај на надоместокот на штета од незаконит престанок на работен однос следува законска казнена камата од денот на поднесувањето на тужбата, а согласно начелниот став на Врховниот суд на РМ, според кој работодавачот за надомест на штета од незаконит престанок на работниот однос паѓа во задоцнување тогаш кога работникот ќе се обрати со пимено барање за да му биде надоместена штетата која ја трпел додека не бил во работен однос или од денот на поднесувањето на тужбата.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-355/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право