- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 350.31 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 4, 2018
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-468/18
(...) „Во чл.88 од Законот за работните односи е предвидено дека, ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок од 1 месец. Со договорот за вработување или со Колективен договор, може да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од 3 месеци.
Во чл.92 од истиот закон, е предвидено дека, за време на отказниот рок работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од 4 часа во текот на работната недела заради барање на ново вработување. За време на отсуството од работа од став 1 на овој член, работникот има право на надомесеток на плата согласно Колективен договор.
Во чл.89 од ЗРО, е предвидено дека отказниот рок започнува да тече наредниот ден од денот на врачувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.
Во чл.90 од ЗРО е предвидено дека работникот и работодавачот може да се договорат за паричен надоместок наместо отказен рок.”