Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-67/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 456.35 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 1, 2017
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-67/17

(...) „Имено, работникот може да бара со тужба да се поништи одлуката за откажување на договорот за вработување и да се утврди дека незаконски му престанал работниот однос, како и да бара да се задолжи работодавачот да го врати на работа на работното место согласно неговата стручна подготовка. Доколку на работникот му престанал на незаконски начин работниот однос, работодавачот е должен да ги отстрани недостатоците и последиците од незаконскиот престанок на работниот однос на работникот. Меѓутоа, работникот не може да бара да се задолжи работодавачот да го врати на работа на работни задачи кои ги извршувал претходно, а согласно законските одредби, работникот на кој незаконски му престанал работниот однос има право да се врати на работа кај работодавачот согласно неговата стручната подготовка , но не и на работно место на кое работел пред престанокот на работниот однос, односно на работни задачи кои ги извршувал претходно како што тужителот бара со предметната тужба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-468/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право