- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 359.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 21, 2016
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-141/16
(...) „Согласно член 82 став 1 точка 2 од Законот на работниот однос, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот го злоупотреби боледувањето. Оттука, произлегува дека за да се стори повреда, потребно е работникот да не ги почитува препораките и наодот на определениот матичен лекар. Доколку на работникот, во лекарскиот наод е предвидено извршување на секојдневните активности, не и извршување на тешки работни задачи. Тогаш работодавачот не може да му го прекине работниот однос поради злоупотреба на боледувањето од страна на работникот доколку истиот не се најде во својот дом како мирува. Во ваков случај, не постои злоупотреба на боледувањето.”