- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 578.09 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 5, 2019
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-388/19
(...) „Согласно член 70 од Законот за работни односи, договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок. Во случаите определени со закон договорните страни можат да го откажат договорот за вработување без отказен рок.Согласно член 88 од Законот за работни односи, ако работникот го откажува договорот за вработуваање отказниот рок е еден месец. Со договорот за вработување или со Колективен договор може да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од 3 месеци. Во конкретниот случај работодавачот со анекс кон договорите за вработување предвидел отказен рок од 90 дена. Меѓутоа, по барање на работничките, им престанал договорот за вработување. Од ова произлегува дека тужителот во периодот на отказниот рок од 90 дена ги донел решенијата за работничките со кои им престанал работниот однос кај работодавачот, односно самиот не го почитувал отказниот рок. Од друга страна, првостепениот суд утврдил дека работодавачот со ништо не докажал дека превзел мерки со кои што производите во продавницата нема да се расипат или пак да направи проверка која роба е со изминат рок. Покрај ова, не презентирал доказ дека за овој период барал други продавачки во продавницата, ниту пак докажал која е робата која била со изминат рок и расипана била фрлена во контејнер.”