- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 381.52 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 22, 2016
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-307/16
(...) „Согласно член 72 од Законот за работни односи, ако работодавачот го откажува договорот за вработување е должен да го наведе основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението, а согласно член 74 став 2 од истиот Закон, работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност согласно со закон. Овие законски одредби се применуваат и во ситуација кога работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина и поради тоа му е откажан договорот на работникот согласно член 82 од Законот за работни односи. Доколку не се исполнети овие услови, тогаш отказното решение се смета за незаконско.”