Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-403/18

  • Version
  • Преземи 11
  • Големина на фајлот 493.03 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2018
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-403/18

(...) „Согласно член 81 став 1 алинеа 1, 2 и 3 од Законот за работни односи, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот, договорот за вработување со отказен рок, особено ако 1) не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот; 2) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски и 3) не се придржува  кон прописите што важат за вршење на работите на работното место. Овие повреди предвидени во горе наведената законска одредба треба да бидат наведени и во одлуката за откажување на договорот за вработување, односно кој работен ред и дисциплина тужителот не ги почитувал, кои работни обврски не ги извршувал, несовесно или ненавремено ги извршувал, кон кои прописи што важат за работното место не се придржувал, кога ги сторил тие повреди за да може да се утврди денот ,периодот и слично. Согласно член 82 став 1 точка 5 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот. Сите причини треба да бидат детално наведени во отказното решение, како и детално објаснети.”

Претходно Пресуда на Aпелационен суд Битола РОЖ-468/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право