Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-840/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 534.30 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 5, 2019
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-840/18

(...) „Во член 32 од Законот за култура е предвидено дека директор на Национална установа може да биде разрешен и пред истекот на мандатот за кој што е избран, помеѓу другото и ако не работи во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Во член 35 од Законот за култура, предвидено е дека Управниот одбор на Националната установа дава образложен предлог на Министерот за култура за разрешување на директорот.  Во конкрениот случај, нема образложен предлог од Управниот одбор на Националната установа, за разрешување на директорот.

Работникот е разрешен од функцијата директор на Националната установа заради тоа што истиот не работел во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Меѓутоа во ова решение не се дадени никакви причини во кои случаи директорот не работел во согласност со законот и статутот на установата и кои одредби од Законот за култура ги повредил.  Неспорен факт е дека директорот има низа надлежности кои произлегуваат од Законот за култура, па за начинот на неговото работење извршен е вонреден инспекциски надзор од инспектори на Министерството за култура. При овој надзор, констатирано е дека директорот не го усогласил работењето во Центарот согласно со закон и статут.  Второстепениот суд е на мислење дека пред да биде донесена одлука за разрешување на директорот на Националната установа, треба да се констатира дели има одредени недостатоци и повреди на законот, а потоа да донесе решение за разрешување, а не како што е постапено во конкрениот случај. Пред да бидат утврдени одредени неправилности во работењето на директорот на Националната установа не може да се носи акт за разрешување во ќе се наведе дека директорот не постапувал согласно со законот и статуот. Потребно е да се наведе кои повреди на законот се направени од страна на директорот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-828/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право