- Version
- Преземи 21
- Големина на фајлот 655.47 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 23, 2020
- Последна промена јануари 21, 2023
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-604/19
(...) „Согласно член 31од Законот за заштита и вознемирување на работно место, вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место може да бара да се утврди дека претрпел вознемирување на работно место, забрана на вршење на однесувања кои претставуваат вознемирувања на работното место, односно забрана за повторување на вознемирувањето на работно место, превземени дејствија заради отстранување на последиците од вознемирувањето на работното место и надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работното место. Со поднесената тужба, полицискиот службеник бара да се утврди вознемирување на работното место заради злоупотреба на полициски раководни функции и дадени овластувања, неосновано поведени дисциплински постапки и постапка за кривична одговорност. Меѓутоа сето тоа како е наведенопогоре не претставува вознемирување на работно место. Во член 16 од Законот за заштита и вознемирување на работното место е предвидено дека злоупотреба на правата на вознемирување на работно место врши вработен кој знаел или морал да знае дека не постојат причини за поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место, а повел или иницирал поведување на ваква постапка со цел за себе или за друг да прибави материјална или нематеријална корист или да нанесе штета на трето лице. Во конкретниот случај, полицискиот службеник требало да знае дека водените дисциплински постапки против него, постапките за распоредување, водените прекршочни и дисциплински постапки не претставуваат однесување и активности кои се сметаат за вознемирување на работно место, бидејќи против поединечните акти донесени од работодавачот, полицискиот службеник имал право на судска заштита.”