- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 423.23 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 8, 2018
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-242/18
(...) „Во Законот за средно образование не е уредена трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено работно време, па поаради тоа се применува Законот за вработените во јавниот сектор. Во овој закон е предвидено дека работниот однос може да се трансфоримра од определено на неопределено работно време само за замена на привремено отсутен работник кој е отсутен повеќе од 1 месец и трае до истекот на одобреното отсуство на отстуниот работник а најмногу 2 години и по истекот на 2 години ако не се врати на работа работниот однос на работникот кој го заменува се трансформира од определено на неопределено работно време. Работникот кој работи кај работодавачот за замена за работник кој е избран за вршење ја јавна функција, а чии работен однос согласно Законот за средно образование му мирува работниот однос кај работодавецот до престанокот на функцијата и после тоа се враќа на работа согласно стручната спрема.
Само доколку работникот кој е избран за вршење на јавна функција не се вратил на работното место по престанокот на функцијата, тогаш би постоеле услови за трансформација под услов да се обезведени средства од Буџтот на РМ.”