- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 999.97 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 9, 2019
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-740/18
(...) „Врз основа на изнесените факти, првостепениот суд го уважи тужбеното барање на работникот, прифаќајќи дека во конкретниот случај се исполнети условите на работничката да и се трансформира работниот однос од определено на неопределено време согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор, поради што донесената одлука за трансформација на работен однос е законита. Ова од причини што од доказите произлегло дека тужителката работела кај тужениот повеќе од две години на работно место ослободено по основ на пензионирање, најпрво на работно место библиотекар, а потоа секретар обезбедени се финансиски средства за вработување на определено време,и уште повеќе што по престанокот на работниот однос на работничката, работното место на кое работела е пополнето со друг работник. работничката кај работодавачот работела на работно место библиотекар повеќе од две години, а на работно место секретар работела само неколку денови пред да и биде трансформиран работниот однос. Меѓутоа во секој, случај истата има статус на давател на јавни услуги и за неа се применуваат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор. Во член 22 од истиот закон таксативно е определено во кои случаи работниот однос во јавниот сектор се заснова на определено време. Со оглед на тоа што од изведените докази во постапката произлегува дека работничката од засновањето на работниот однос до денес работи кај работодавачот со договори за вработување на определено време, како и тоа што од доказите не произлегува дека за работничката е обезбедена согласност од надлежниот орган кој е надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот, како би се извршила трансформација на нејзиното работно место од определено на неопределено време во смисла на член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор. Второстепениот суд смета дека во случајот не се исполнети условите за трансформација на работното место на работничката од определено на неопределено време предвидени во Законот за вработените од јавниот сектор. Притоа, првостепениот суд го поништува како незаконито и решението донесено од тужениот за отказ на договорот за вработување на неопределено време, повикувајќи се на одредбите од Конвенција за престанок на работен однос по иницијатива на работодавецот бр. 158, бидејќи на работничката и бил откажан договорот за вработување на неопределено време. Меѓутоа, во конкретниот случај не може да дојде до примена на одредбата од член 11 од наведената Конвенција од причини што договорот за вработување на неопределено работно време е склучен после донесувањето на одлуката со која е трансформиран работниот однос на работничката од определено на неопределено време. Со оглед дека одлуката за трансформација на работниот однос е поништена, сите други одлуки донесени врз основа на оваа одлука се ништовни и не произведуваат правно дејство.”