- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 322.05 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 20, 2016
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-389/16
(...) „Согласно член 72 од Законот за работни односи, при откажување на договорот за вработување, работодавецот е должен во одлуката со која се изрекува престанок на работниот однос да го наведе основот на отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението.
Согласно член 78 од Законот за работни односи, одредбите од погоре цитираниот член, кои се однесуваат на откажување на договорот за вработување, се применуваат и во случај кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување. Бидејќи отказот претставува строго формален акт, а работодавачот во понудата на нов договор не ја докажа основаноста за причините за отказот со понудата на нов променет договор за вработување, нити истите ги наведе во образложението на одлуката, произлегува дека таквиот акт на работодавачот е незаконит.”