Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-545/20

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 512.68 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-545/20

(...) „Од доказите изведени во текот на постапката, првостепениот суд во фактичка состојба утврдил дека тужителот бил вработен кај тужениот на неопределено време, со половина работно време од 20 часа неделно, со Договор за вработување од 12.06.2018 година, со основна нето плата од 7.000,00 денари. Платата на тужителот пресметана со додаток за работен стаж од 4,5% за периодот од 8-ми месец 2018 година до 12-ти 2018 изнесувал 8.315,00 денари, а за периодот од месец јануари 2019 година до месец април 2019 година со пресметан додаток за работен стаж од 5% изнесувала 7.350,00 денари. Од наодот и мислењето на вештото лице биле утврдени износите на име разлика на плата за спорниот период, во износ од 65.975,00 денари, како и регрес за годишен одмор за 2018 година износ од 4.915,00 денари. Од вака утврдената фактичка состојба, првостепениот суд му го уважил тужбеното барање на тужителот на име неисплатени плати, а согласно член 105 од ЗРО, како и регрес за годишен одмор за 2018 година согласно Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот Колективен договор во приватниот сектор од областа на стопанството Службен весник 119/2015 година. Износот од 4.915,00 денари на име регрес за годишен одмор за 2018 година претставува половина од утврдениот износ за регрес за годишен одмор за 2018 година, а кој претставува 40% од просечната плата за месеците 9-ти, 10-ти и 11-ти 2018 година, бидејќи тужителот работел половина од работното време кај тужениот, а половина кај друг работодавач.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-544/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право