Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-47/16

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 654.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 28, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-47/16

„(...) може со сигурност да се утврди дека решението за откажување на договорот за вработување без отказен рок (...) од 25.6.2015 година поради злоупотреба на боледувањето е незаконито, бидејќи според овој суд, во конкретниов случај тужениот ги прекршил одредбите од Законот за работните односи при донесувањето на ваква одлука. Имено, видно од донесеното решение, на тужителот му престанал работниот однос поради злоупотреба на боледувањето, што според овој суд согласно со донесеното решение за престанок на работниот однос, не е спорно дека тужителот бил на боледување, туку спорно е дали тужителот го злоупотребил боледувањето додека бил на боледување поради што е донесено и оспореното решение, кое нешто од страна на тужениот не било докажано дека тужителот го злоупотребил боледувањето во соодветна постапка од соодветна комисија, која би потврдила дека тужителот го злоупотребил боледувањето и поради таа причина му престанува работниот однос и како недокажано од страна на работодавачот, сега тужениот, не може да се донесе решение за престанок на работен однос поради злоупотреба на боледување, што не се докажува во соодветна постапка. Односно при донесувањето на оспореното решение тужениот не ја докажал основаноста на причината која ја оправдува отказот дека навистина од страна на тужителот е злоупотребено боледувањето.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-376/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право