- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 753.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 4, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-101/16
„(...) првостепениот суд правилно постапил кога го одбил тужбеното барање на тужителот бидејќи од изведените докази и од изјавите на сведоците неспорно утврдил дека во дејствијата на тужителот се содржани елементи на кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на обврските предвидени во Законот за работните односи и колективниот договор на тужениот, бидејќи истиот на ден 11.8.2015 година (...) предизвикал штета, односно сторил кражба со одземање дел од имотот на тужениот, по завршување на работното време при излез од капијата (...) при контрола од страна на чуварот – обезбедување му бил пронајден отпаден бакар кој не го пријавил и немал намера да го пријави, бидејќи бакарот бил скриен во палтото во кесата која ја носел тужителот, при што истиот му бил одземен од страна на чуварот, а потоа измерен и неговата тежина изнесувала 2 килограми. Имајќи го предвид сето ова, произлегува дека тужителот при извршување на работните задачи со самата кражба му предизвикал штета на тужениот врз основа на што е донесена одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на редот и дисциплината (...), која е во согласност со чл. 82, ст. 1, т. 5 и ст. 2 од ЗРО, каде е предвидено дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот: стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и ако со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок, односно од материјалните и вербалните докази произлегува дека тужителот сторил кражба и предизвикал штета при вршење на работните обврски. Па оттука, неосновано се повикува тужителот во жалбата дека од страна на тужениот не е запазена законската порцедура за донесување на одлуката за престанок на работниот однос без отказен рок, а ова од причина што од страна на тужениот е водена дисциплинска постапка, бил сочинет записник број 1 од страна на раководителот како и комисијата составена од двајца членови при тужениот при увид на лице место била дадена писмена изјава од страна на чуварот и самиот тужител, односно дисиплинската постапка е водена согласно со ЗРО и Колективниот договор на тужениот.”