- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.11 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 31, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-458/12
„(...) работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување со отказен рок, особено ако не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место, со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа и незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.
(...) во конкретниов случај може со сигурност да се утврди дека тужителката го прекршила работниот ред и дисциплина, односно не ги почитувала работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не се придржувала кон прописите што важеле за вршење на работите на работното место и истата со средствата за работа не постапувала совесно или во согласност со техничките упатства за работа, односно незаконски и неовластено ги користела средствата на работодавачот, поради што биле донесени и сега обжалените решенија. (...) според овој суд, правилно сега тужениот постапил кога ги донел оспорените решенија, а ова од причина што во текот на постапката се докажало дека поголемиот број на документи предмет на вештачењето пронајдени во службениот компјутер, а кои не биле службени и поврзани со работата, тужителката ги креирала во рамките на работното време, бидејќи по имплементирањето на забраната на пренос на фајлови на ден 26.10.2007 год. не било можно да се пренесуваат податоци од друг медиум на работната станица, односно во конкретниов случај биле исполнети законските услови предвидени во погоренаведените одредби од ЗРО за донесување на предметните решенија.”