- Version
- Преземи 10
- Големина на фајлот 207.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 7, 2013
- Последна промена август 1, 2022
Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-96/13
Своерачно потпишана писмена изјава на работникот дека сака да го откаже договорот за вработување со работодавачот претставува основ за отказ на договорот за вработување од страна на работникот согласно чл. 71, ст. 1 од ЗРО. Од содржината на изјавата произлегува дека тужителката изречно побарала да ѝ престане работниот однос. Од страна на тужителката не е доставен ниту еден доказ обезбеден во друга постапка од кој би можело да се утврди со сигурност дека таа била изманипулирана, дека истата е дадена под присилба или дека нејзината изјава е фалсификувана, односно дека дадената изјава е ништовна, како би можело со тужба да се бара поништување на одлуката за престанок на работниот однос донесена врз основа на таква изјава.