Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1/17

  • Version
  • Преземи 43
  • Големина на фајлот 426.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 3, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1/17

„(...) во конкретниот случај, се работи за додаток на плата за минат труд, кое законско право е предвидено во одредбата од чл. 105 од ЗРО, според која работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците, ако со друг закон поинаку не е определено, а според одредбата од чл. 106, ст. 3 од ЗРО, додатоците се определуваат за посебните услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време, и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж. Неспорно е дека согласно со член 18 од Општиот колективен договор за јавен сектор на РМ, основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.

(...) минат труд е додаток на основната плата, односно при исплатата на плата, основната плата посебно се искажува, а посебно додатокот на минат труд и посебно другите додатоци на плата, а во случајот основна плата е бројот на бодовите и на таква основна плата се пресметува процентот и износот на минатиот труд, а не може со Правилник за плати, додатоци и надоместоци на плати и други примања на работниците да се ограничува ова законско право кое претставува едно од основните права кои произлегуваат од работен однос и неговото пресметување и исплатување да зависи од волјата на работодавачот, во смисла на тоа работното искуство од 0,5% да биде вградено во искажаниот вкупен број на бодови.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-583/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право