- Version
- Преземи 10
- Големина на фајлот 106.20 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 21, 2010
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1059/10
„(...) Тужениот не извршил бодирање на тужителката според мерилата и критериумите согласно со колективните договори, бидејќи е намален бројот на вработените на работно место раководител на продавница, а не дека тоа работно место е укинато. Од овие причини постоела обврска тужениот да изврши бодирање на вработените кои дотогаш биле распоредени на работно место раководител на продавница со што ќе се утврди приоритет на работници кои имаат право да го задржат работното место, односно да останат во работен однос. Со тоа што тужениот без да изврши бодирање на вработените ја донел одлуката да ѝ престане работниот однос на тужителката што произлегува дека постапил спротивно на одредбата од чл. 269, ст. 1 од ЗРО и Меѓународната конвенција за организација на трудот од 1982 година и препораката 166. Оттука произлегува дека тужениот направил повреда на постапката при донесување на одлуката за престанок на работниот однос и донел незаконита одлука со која ѝ е откажан договорот за вработување на тужителката. Неспорно е дека не било извршено бодирање, односно тужениот не предвидел мерила и критериуми согласно со Колективните договори врз основа на кои би се извршило бодирање на тужителката, а тужениот согласно со чл. 13 од Општиот колективен договор за стопанство имал обврска со акт да предвиди мерила и критериуми врз основа на кои ќе изврши бодирање при прогласување на вработените за технолошки вишок, а ова особено што тужителката била вработена кај тужениот на работно место раководител на средна продавница. Оттука, произлегува дека одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини е незаконита, поради што овој суд го уважи тужбеното барање на тужителката да ја поништи одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини како незаконита и го задолжи тужениот да ја врати на работно место соодветно на нејзината стручна подготовка.“