- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 191.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 26, 2016
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1206/15
„(...) трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време се спроведува во постапка во која е потребно писмено барање на тужителот за трансформација на работниот однос од определено во неопределено време, во смисла јасно изразена волја на тужителот да му се трансформира работниот однос од определено во неопределено време. Без вакво писмено барање, според судот, не може работодавачот, сега тужениот по автоматизам да постапува. Потребно е работодавачот да утврди трајна потреба од работникот, сега тужителот и тоа да го предложи на Општинската комисија за трансформација на работните места. Потребни се обезбедени финансиски средства за работното место одделенски наставник по албански јазик, што тоа не е случај во конкретната правна работа.
Имено, во текот на постапката, тужителот до тужениот не доставил барање за трансформација на работен однос од определено време во работен однос на неопределено време, ниту пак докажал дека работното место одделенски наставник е од траен карактер, како и дека за ова работно место се обезбедени финансиски средства, односно не доставил доказ – акт од соодветен надлежен орган дека се обезбедени финансиски средства. Исто така, тужителот не докажал дека продолжил да работи по истекот на рокот од ст. 1 на чл. 46 од ЗРО, дека работи кај тужениот под услови и на начин утврдени со закон.
(...) условите и начинот утврдени со закон на кои упатува чл. 46 од ЗРО не се исполнети за да може да се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време, бидејќи не е докажано дека се обезбедени средства за вработување на неопределено време, како и дека тужениот имал трајна потреба од работник.”