- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 100.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 24, 2014
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-378/14
Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини е незаконита.
Во конкретниот случај кај работодавачот била утврдена потреба од воведување на технолошки, економски, организациони и слични промени со предлог за решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата, а воведувањето на технолошки, економски, организациони и слични промени произлегле од целокупното економско-финансиско работење на работодавачот во последните години и неповолните резултати од работењето.
Тужениот работодавач не доставил акт на ниво на работодавач во кој ќе утврди критериуми и мерила со цел да го објективизира начинот на избор и селекција на вработените, туку доставил поединечна бодовна листа што ја изготвил, а истата не содржи датум кога е изготвена и не била заведена во деловодникот на работодавачот. Исто така, работодавачот не доставил одлука за донесување програма за престанок на работниот однос поради технолошки, економски, организациони и слични промени и решавање на правата на работниците кај тужениот и утврдување на критериумите при престанокот.
Во поединечната бодовна листа за примена на критериуми за престанок на работен однос поради технолошки, економски, организациони и слични промени во одделот биле наведени критериумите: успешност, квалификација и стаж, меѓутоа работодавачот не утврдил дека овие критериуми се содржани во некој негов акт со цел да се утврди на кој начин се утврдени бодовите на работниците во конечната ранг-листа. Ова од причина што работодавачот морал во услови кога не може да го примени Колективниот договор на ниво на работодавач, поради неусогласеноста со ЗРО („Сл. в. на РМ” бр. 62/2005) да донесе свој акт. Работодавачот има обврска со свој акт да определи критериуми и мерила преку кои ќе се утврдува приоритет за задржување на работното место.
Бодовната листа на која се повикува работодавачот не содржи датум кога е сочинета, па како таква не може да биде релевантен доказ за да се утврди кога било извршено бодирањето на работниците. Врз основа на поединечната бодовна листа за примена на критериуми за престанок на работниот однос поради економски, структурални и слични промени во одделот, која содржи само име, презиме, број на бодови на вработените и критериуми кои не се содржани во ниту еден правен акт на работодавачот, не може да се утврди на кој од кандидатите од секторот треба да му престане работниот однос од деловни причини согласно со чл. 76, ст. 1, т. 3 од ЗРО.