- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 387.13 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 27, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-637/12
„Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека погрешно првостепениот суд утврдил дека не е докажана намерата за тенденциозното носење на одлуките за правата на тужителот од работен однос, како и дека немал предвид дека товарот на таквото докажување паѓа на тужениот. Ова од причина што имајќи ја предвид одредбата од чл. 9-а, ст. 4 од ЗРО произлегува дека извршител на мобинг може да биде само физичко лице како поединец или во група без оглед на нивното својство. Во случајот тужителот барањето за констатирање мобинг го поставил спрема работодавачот кој е правно лице, па според тоа истиот во смисла на наведената законска одредба не може да биде извршител на мобинг. Ова дотолку повеќе што во текот на постапката се утврди дека работодавачот постапувал согласно донесената правосилна и извршна судска одлука за враќање на работник на работа, а тужителот не ја докажал намерата за тенденциозно носење на одлуките за правата од работен однос.”