- Version
- Преземи 11
- Големина на фајлот 105.26 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 25, 2010
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1265/10
„Неспорни се фактите дека според објавениот оглас се барало кандидатите со молбата да достават потврда за работен стаж, а според Правилникот на тужениот се барало потребен работен стаж од 2 години и дека избраниот кандидат имал работен стаж од 6 месеци и 3 дена.
Во случајот спорно е дали врз основа на тоа што со Правилникот е предвидено кандидатот да има 2 години работен стаж, а со огласот е предвидено кандидатот само да достави потврда за работен стаж и избраниот кандидат имал 6 месеци и 3 дена работен стаж, одлуката за избор треба да се поништи само поради ова.
Првостепениот суд го одбил тужбеното барање да се поништи одлуката за избор затоа што изборот бил извршен во согласност со објавениот оглас и одредбите од ЗРО – чл. 23.
(...) во случајот не се бара поништување на огласот, туку само поништување на одлуката за избор. Доколку имаше тужбено барање за поништување и на огласот, тогаш судот ќе се впуштеше во утврдувањето на фактите дали огласот е во спротивност со Правилникот. Во случајот, бидејќи такво тужбено барање не е поставено, со огласот се барало кандидатот да има само потврда за работен стаж и избраниот канидат имал работен стаж, произлегува дека одлуката за избор е во согласност со огласот и нема основи за поништување на таквата одлука.
Жалбениот навод дека тужениот со избраниот кандидат имал склучено договор за работа како приправник е неоснован, затоа што тоа не е во врска со огласот и одлуката за избор, бидејќи со огласот не се бара избор на кандидат како приправник, па да може да се цени зошто не е земен предвид кандидат којшто за прв пат се вработува како приправник.
Тужбеното барање за поништување на договорот за вработување склучен помеѓу избраниот кандидат и тужениот е неосновано, бидејќи тоа тужбено барање зависи од тужбеното барање за поништување на одлуката за избор и од друга страна, бидејќи се работи за поништување на договор за работа, треба да се бара негово поништување согласно со Законот за облигационите односи.”