Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-19/14

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 105.25 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 17, 2014
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-19/14

„(...) Тужениот како работодавач преку законскиот застапник – директорот извршил избор по слободно одлучување од двајцата кандидати откако од Училишниот одбор добил мислење дека двајцата кандидати ги исполнуваат пропишаните услови од огласот, кои се и законски засновани, за вршење на работа на определено време.

Во конкретниот случај се работи за тужба против одлука за избор на кандидат по објавен оглас за засновање работен однос како еден од начините на обезбедување на потребата од работници согласно со чл. 22 од ЗРО, а согласно со чл. 27 од ЗРО кој го регулира правното прашање на правата на неизбраните кандидати како во конкретниот случај тужителот, според кој, Работодавачот мора во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за вработување писмено да го извести кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран, Работодавачот е должен на кандидатот кој не е избран во рок од три дена да му ги врати сите документи што му ги доставил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата, па затоа судот има можност да ја испитува законитоста на постапката за избор на кандидати – дали е спроведена според законските прописи, односно дали кандидатите кои се избрани од страна на работодавачот ги исполниле условите или не кои се предвидени во објавениот оглас, а не и да се впушта во оцена на изборот на кандидатите кои ги исполниле условите, бидејќи тоа е дискреционо право, слободно одлучување на работодавачот кој ќе избере од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во распишаниот оглас и изборот на работодавачот не претставува ставање во понеповолна положба на тужителот како кандидат. (...) избраниот кандидат ги исполнил условите предвидени во објавениот оглас, а стручниот испит се бара во случај кога имаме оглас за вработување на неопределено време, а не и за определено работно време како во конкретниот случај. (...)

Во однос на жалбениот навод на тужителот дека со извршениот избор на другиот кандидат, односно дека со непостапувањето по одлуката на Училишниот одбор на тужителот му е ускратено правото да оствари трансформација на претходниот работен однос на определено во неопределено време, овој суд го ценеше, но го најде за неоснован (...). Согласно со законските одредби од ЗРО, трајната потреба од работник е право на утврдување од страна на работодавачот, а не на работникот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-645/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право