- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 109.38 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2013
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2203/12
„Првостепениот суд утврдил дека тужениот не поседува правилник за систематизација на работни места, а од списокот кој го доставил до судот утврдил дека кај тужениот биле вработени повеќе асистенти а тужителот бил асистент на наставник по физичко воспитување. Тужениот не доставил докази до судот на околноста како влијае бројот на запишани ученици, колкав е тој број, кој е минимумот на бројот на запишани ученици , како и не доставил доказ дека донел одлука и програма со точно утврдени причини за отказ и за намалување на бројот на вработените, како и критериуми и мерила кои би се примениле, тужениот не доставил било каков акт кој би содржел образложение за причините за воведување на промени и намалување на бројот на вработените.
(...) правилно првостепениот суд одлучил кога го уважил тужбеното барање на тужителот и ја поништил одлуката за отказ на договорот за вработување од деловни причини, притоа применувајќи ги одредбите од чл. 71, 72, 76, 95 и 97 од ЗРО.
Меѓутоа, по наоѓање на овој суд, првостепениот суд погрешно го применил материјалното право кога го задолжил тужениот да го врати тужителот на работa и распореди на работно место асистент на наставник на кое работел пред донесување на оспорената одлука, а на што основано се укажува во жалбата на тужениот.
Имено, согласно со одредбите од Законот за работните односи, (...) се води сметка работникот да се врати на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка. Тоа значи дека нема законски услови да при враќање работник на работа истиот биде распореден на работно место на кое работел претходно. Можноста која ја предвидел ЗРО овозможува т.е. дозволува да работникот се врати на работа и при тоа биде распореден на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.”