- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 292.17 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 10, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-682/13
„(...) за тужителот како менаџер, односно како извршен директор на тужениот не важат одредбите од ЗРО, одредбите од Колективните договори, туку одредбите од Законот за трговски друштва. Така, согласно чл. 366, ст. 4 од ЗТД се предвидува дека на извршните членови на одборот на директорите, членовите на управниот одбор, односно на управителот и на раководните лица не се применуваат одредбите од колективните договори, како и одредбите од ЗРО што се однесуваат на засновањето и престанувањето на работниот однос, на дисциплинската одговорност, на платата, на надоместоците и заштитата на правата на работниците, а правата од овие одредби од ЗРО, овие лица ги остваруваат на начин и според услови утврдени во договорот од чл. 350 на овој закон и ст. 3 на овој член. Во тој случај, друштвото, во конкретниот случај тужениот, во било кој момент може на тужителот да му го откаже договорот за вработување, а тужителот доколку смета дека е неправилно разрешен можел, односно има право да бара само евентуално надомест на штета ако во договорот за вработување има клаузула за надомест на штета во случај на престанок на работниот однос.”