Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-672/18

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 272.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 25, 2018
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-672/18

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителката со договор за вработување бр. (...) од 29.03.2013 година засновала работен однос на неопределено време на работно место лекар од општа медицина во ЈЗУ (...), а со решение бр. (...) од 24.03.2015 година ѝ била одобрена специјализација по специјалноста педијатрија во траење од 60 месеци сметано од 02.03.2015 година и дека на ден 24.06.2015 година бил склучен договор бр. (...) помеѓу тужителката и тужениот со кој се утврдуваат заемните права и обврски што произлегуваат од користењето на надоместокот на плата и ослободувањето од извршување на работите и работните задачи заради спроведување стаж на специјализација по специјалноста педијатрија. Поради фактот што тужителката стапила во брак со лице од Германија, тужителката поднела барање за ослободување од обврската за враќање на платите и другите надоместоци од причина што истата требала да се пресели во Берлин, Германија и поднела барање за спогодбено раскинување на договорот за вработување и договорот за специјализација поради новонастанатите семејни причини.

На вака утврденото, првостепениот суд правилно одлучил да го одбие како неосновано тужбеното барање на тужителката, од причини што тужителката не може поради склучувањето на брак и потребата од преселување во Берлин, Германија да бара ослободување од обврската за враќање на надоместокот на платата и другите надоместоци согласно чл. 4, ст. 3 од договорот за специјализација, според кој по исклучок УО на Институтот може да го ослободи работникот од обврската за враќање на надоместокот на платата и другите надоместоци доколку прекинувањето на специјализацијата е од оправдани причини (потешка болест на работникот, тешки материјални и семејни причини).

Според тоа, првостепениот суд правилно оценил дека склучувањето на брак и преселувањето во друга држава не претставува причина предвидена во чл. 4 од договорот за ослободување на тужителката од наведената обврска, дотолку повеќе што тужителката со склучувањето на договорот за специјализација ги прифатила сите услови предвидени во наведениот договор.

Оттука произлегува дека на тужителката и покрај поднесеното писмено барање за раскинување на договорот за вработување и договорот за специјализација не може да ѝ престане работниот однос кај тужениот се додека не ги надомести средствата од чл. 147, ст. 3 од Законот за здравствена заштита, а во смисла на чл. 203, ст. 3 од истиот закон според кој на здравствениот работник, односно здравствениот соработник не му престанува вработувањето ако поднесе писмено барање за престанок на вработувањето се додека не ги надомести средствата од чл. 147, ст. 3 од овој закон, како и согласно чл. 4, ст. 2 од договорот за специјализација каде е предвидено дека ако на работникот после полагањето на специјалистичкиот испит или во текот на времето за кое е должен да работи во Институтот му престане работниот однос во Институтот и тоа по негова волја или вина, должен е во рок од 2 месеца да го врати вкупниот износ на примениот надоместок на плата и сите надоместоци што му се исплатени од Институтот за теоретска и практична настава.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.57/2017-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право